Првите „проблеми“ во ПСЖ почнаа синоќа. Лионел Меси беше заменет на 1ѝ5 минути пред крајот на мечот, па лут на одлуката на тренерот не сакаше да се поздрави со Покетино.
Меси летово пристигна во ПСЖ, но и по третиот настап во дресот на парижани, не успеа да постигне гол, згора на тоа, доживеа благ шок со замената во второто полувреме.
Маурисио Покетино одлучи да го извади Меси од игра при резултат 1:1, а на негово место да го стави Ашраф Хакими. Кога виде дека треба да излезе Меси остана во неверување.
Тој и се заблагодари на публиката, се поздрави со Хакми и размени само неколку зборови со Покетино прашувајќи го зошто е сменет.
Messi didn’t shake hands with Pochettino pic.twitter.com/od8JkMfH0X
— Drizzy (@messiprimes) September 19, 2021