Франческо Бањаја победнички во „Мизано“

107

Франческо Бањаја повторно е победник на трка во Мото ГП шампионатот. Италијанскиот возач на Дукати триумфираше на ГН на Сан Марино на патеката „Мизано“ што е негова втора победа по ред, по триумфот во Арагона, а трета сезонава по победата на првата трка во Катар.

Бањаја тргна прв и по 27 круга остана на истата позиција, со мала предност во однос на вториот Фабио Квартараро. Французинот задоцни 0,364 секунди но тоа му го донесе второто место на подиумот.

Младиот Енеа Бастијани направи подвиг со тоа што тргна од 12. позиција и заврши како третопласиран, а го имаше и најбрзиот круг на патеката. Во топ 5 се наредија уште Марк Маркез и Џек Милер.

ПретходноЦветановски како Меси: Издрибла тројца играчи и ја смести топката во голот (видео)
СледноПолувреме: Шкендија води кај “пиратите“, Цветаноски и Сандеј и 2:0 на Чаир! (видео)