Гвардиола со половина младинци ќе игра во Лига Купот

218

Манчестер Сити ќе мора да се потпре на дел од младинците од тимот до 23 години за натпреварот од Лига Купот на Англија во вторникот против Викомб Вандерерс, бидејќи многу од клучните играчи се повредени, откри менаџерот Пеп Гвардиола.

„Немам алтернатива за натпреварот со Викомб. Ќе излеземе со некои од младите момчиња од вториот тим“, потврди Гвардиола.

„Имаме проблеми со Џон Стоунс, Емерик Лапорт, Александар Зинченко, Родри и мислам дека и Илкај Гундоган има проблем што нема да му дозволи да игра. Но, се отвора добра можност за момчињата од Академијата и тие мора покажат зошто се во клуб како Манчестер Сити“, додаде шпанскиот специјалист.

ПретходноПрвпат по 1962 година, Јувентус стартуваше со четири меча без победа во Италија
СледноНов рекорд за Реал: 18 последователни меча без пораз на гости!