КОМЕНТАР НА 7.КОЛО: Екс – вардаците + Ќато на врвот на табелата во ПМФЛ!

1140

Пишува: Зоран Ѓоршоски

Дури сега се гледа каков силен тренерски стручен штаб имал Вардар до пред некоја година. Кога Гоце Седлоски беше шефот а Александар Васоски и Александар Влахо негови први соработници. Имено по седмото коло во ПМФЛ, тимовите кои ги предводат овие тројца стратези, Шкупи, А.Пандев и Работнички се на делба на првото место. Нив друштво им прави и Ќато Османи од Ренова. Сите овие четворица тренери со нивните клубови освоија по 14 бодови и се на делба на првото место на табелата.

Навистина интересно, но така кажуваат фактите. Инаку Гоце Седлоски и неговиот Шкупи во недела му гостува на Александар Васоски, на Академија Пандев, а потоа на Чаир го дочекува Работнички со Александар Влахо.

Сите овие стратези вчера победија, освен Васоски кој со своите “пандевци“ не успеаја да слават во Битола кај Пелистер.

СЕ ВРАЌА ЛИ ШКЕНДИЈА ВО ИГРА?

Шкендија без некои посебни проблеми го совлада Скопје на негов терен и и тоа со 2:0. Каква таква Шкендија, сепак треба да се смета на шампионот во битката за титулата. Тетовци се премногу квалитетен тим за да така лесно се отпишат, а има уште многу да се игра, па затоа прашањето е кога а не дали Шкендија ќе се врати во “игра“ во битката за самиот врв.

Што се случува со “лавовите“?Имаат навистина одлични играчи, можат да состават два тима, но не оди па не оди. Вчера беа „преслушани“ од Работнички кој покажа дена нема намера да се шегува сезонава.

Струга Трим Лум е поразена и тоа за првпат по 20 март. Малку недостигаше составот на Срѓан Захариевски и во 16 меч во серија да остане непоразен, но сепак Селмани од Ренова во 93.минута од пенал и донесе победа на Ренова.

А, Тиквеш?

Допрва таму се очекува новиот тренер Влатко Костов да почне да ги поправа работите, а го очекува напорна и тешка работа.

ПретходноКостов потпиша двегодишен договор со Тиквеш!
СледноВардар го смени Симов, В.Д. тренер ќе биде Никола Глигоров!