“Комити“ со поддршка за Глигоров!

766

Раководството на Вардар денеска направи смена на тренерската клупа. Му врачи отказ на Горан Симов, а за в.д.шеф на струшниот штаб назначен беше Никола Глигоров. Тој е поранешен играч и капитен на Вардар од времето на најславните денови на клубот, кога “црвено – црните“ играа и во групната фаза во Лигата на Европа.

По тој повод фановите на Вардар, популарните“ Комити“ на социјалните мрежи му ја дадоа поддршката на новиот тренер.

Соопштението го пренесуваме во целост…

Одговорноста за слабите и бледи изданија на Вардар, ја превзема Шефот на стручниот штаб Горан Симов, што според големото мнозинство Вардарови навивачи е вистинска одлука.

Се надеваме дека реакцијата е навремена, штетата која е настаната ќе може да се санира, и за брзо време ќе фатиме приклучок за местата кои водат кон повисок ранг.

Во името на неговото минато како голман во Вардар со заслуги за освоени две Шампионски титули, му посакуваме успех во натамошната кариера.

Максимална поддршка за ангажманот на Никола Глигоров, кој како вршител на должност Шеф на стручен штаб на ФК Вардар ќе го предводи тимот.

Ние не забораваме, Глигоров беше еден од ретките кои беа тука кога на Вардар му беше најтешко !

Со својата скромност, големо срце, убоитост, напаѓачки инстинкт, искуство од големи натпревари, познавањето на играчкиот кадар, фактот дека е еден одличен психолог, пример како треба да живее и работи еден спортист и спортски работник, но и што е многу важно, квалитетите кои ги поседува како човек, кој сигурно ќе знае да направи разлика, да го промени ритамот, и да го пренесе својот победнички менталитет кај тимот.

Да не го заборавиме моментот на историскиот гол и големите негови заслуги за елиминацијата на гигантот Фенербахче во среде Истанбул, пред само 4 години !

Среќно Никола“ напишаа “Комити“.

ПретходноШеикот на Твитер му се закани на Покетино зошто го извадил Меси!!!
СледноКФСМ му одговори на МЗТ: По кој знае кој пат, крајно тенденциозно пишувате невистини, сакате да покажете лажна ситуација!