Познато е зошто Барса не смее да му врачи отказ на Куман!

462

Иако не оди како што треба, поточно никако не оди под раководствот на Роналд Куман, сепак Барселона не смее да му врачи отказ на стратегот од Холандија. Како што пренесуваат медиумите во Каталонија и општо во Шпанија, во случај Хоан Лапорта предвреме да ја прекине соработката со Холанѓанецот, ќе мора да му исплата отштета од цели 13 милиони евра.

Инаку Куман има договор со Барса до јуни следното лето, но има и клаузула во договорот во која се вели дека ако Барса не го продолжи договорот за најмалку уште една година, ќе мора да му исплати 6 милиони евра. Без разлика што договорот фактички во јуни ќе му биде истечен, сепак во него таму една ставка која вели всушност дека договорот е со важност од 2+1 една година.

И затоа сега Лапорта ќе се седи и ќе си молчи поради фактот дека клубот е до гуша во долгови.

ПретходноКФСМ му одговори на МЗТ: По кој знае кој пат, крајно тенденциозно пишувате невистини, сакате да покажете лажна ситуација!
СледноСавевски го објави поширокиот список за двомечот со Црна Гора