Радовиш до прва супер-лигашка победа

108

Тимот на Радовиш ја запиша првата победа во новата сезона, откако го совлада Скопје со 30-28 во последниот меч од 3. коло во Супер-лигата.

Домаќинот отвори со четири гола во низа, на другата страна гостите во ниту еден момент не успеаја да поведат. Најголемата предност која Радовиш ја имаше во првото полувреме беше пет гола разила (15-10), на одморот беше (16-12).

Ракометарите на домашниот тим продолжија во ист ритам, дојдоа на плус шест 24-18, до крајот без проблем го приведоа мечот во своја корист.

Стојановски со девет погодоци го предводеше својот тим до триумфот, Василевски запиша осум гола кај гостите.

ПретходноВардар за Гурбиндо доби половина од сумата!
СледноПаулињо раскина со Ал Ахли – дојде лестоска, одигра четири меча и си замина