Савевски го објави поширокиот список за двомечот со Црна Гора

192

Селекторот на женската сениорска репрезентација, Љубомир Савевски го објави поширокиот список за претстојните натпревари со репрезентацијата на Црна Гора во рамки на ЕХФ неделата за EHF EURO CUP 2022.

Нашите најдобри ракометарки ќе одираат два натпревари против селекцијата на Црна Гора, првиот се игра на 7. октомври во СЦ “Борис Трајковски”, три дена подоцна и гостуваат на истоимената селекција.

На EHF EURO CUP 2022 ќе настапат репрезентациите на Македонија, Црна Гора, Словенија кои се организатори на WOMEN’S EHF EURO 2022, и репрезентацијата на Норвешка која е освојувач на WOMEN’S EHF EURO 2020.

ПретходноПознато е зошто Барса не смее да му врачи отказ на Куман!
СледноВардар без двајца играчи против Мешков