Шишковски направи пенал во 90. минута и го однесе во пораз својот тим (видео)

472

Докса за која брани македонскиот голман Дамјан Шишковски доживеа пораз со 2:1 во кипарскиот шампионат. Докса водеше со 1:0 на гостувањето кај Омонија со автогол во 72. минута и трите бода беа блиску, меѓутоа во 90. минута Шишковски направи прекршок во својот шеснаесетник по кој доби втор жолт картон и беше исклучен, а судијата досуди пенал.

Омонија изедначи преку Дурис, а веќе во наредната акција Лесјакс даде гол и обезбеди пресврт победа на Омонија.

ПретходноФедерер за Ноле: Тоа што го направи е лудо!
СледноВардар за Гурбиндо доби половина од сумата!