Македонската женска фудбалска репрезентација по враќањето од Англија, ги прави последните подготовки за дуелот со Австрија кој се игра утре на Националната Арена „Тодор Проески“ во Скопје во рамките од квалификациите за пласман на СП 2022 година.
Поразот од Англија е веќе заборавен. Селекцијата на „Гордиот Албион“ е главен фаворит во групата, и се очекуваше пораз, можеби не толку убедлив од 8:0, но тоа е реалноста.
Сега на „поправен“ со Австрија за прв(и) бод(ови) во групата. Дуелот со Австријките се игра утре во 18 часот.