Анчелоти: Се надевам дека Рома ќе победува, Јувентус ќе се врати, Милан го гледам во топ 3

551

Сегашниот тренер на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, денеска коментираше за ситуацијата во Серија „А“ во која Јувентус го има најслабиот старт после 60 години, Рома првпат загуби, а Милан продолжува со добрата серија.

Анчелоти најави дека Јувентус ќе се врати во битката за титулата, и дека се надева Милан ќе биде меѓу најдобрите екипи.

„Јувентус има проблеми, загуби бодови, но сигурен сум дека ќе се вратат и на крајот ќе бидат конкурентни за титулата“, рече Анчелоти, а за Милан одговори:

„Се надевам дека Милан ќе биде меѓу топ 3 екипи во Италија. Имаат добра хемија, добри играчи, искуство…“, кажа тренерот на Реал Мадрид.

На крајот прашан за Рома, рече дека се надева дека Рома ќе победува под палката на Мурињо.

ПретходноТалентот Албан Шабани потпишува за Анталија
СледноТИМ НА 7.КОЛО: Матеј и “слаломот“ со кој ги “измеша“ велешани