Барса со гол во 90. минута се спаси од пораз против Гранада (видео)

151

Екипата на Барселона продолжува со лошите партии, вечерва имаше големи проблеми против Гранада на свој терен во 5. коло на Ла Лига. Дуарте ја доведе Гранада во водство со гол во 85-тата секунда од мечот. „Каталонците“ беа понадмоќни на теренот, меѓутоа не беа прецизни во завршницата на акциите. Ја плетеа мрежата пред противничкиот гол, а изедначија дури во 90-тата минута. Нафрли Гави, а со глава погоди Араухо за бод за Барса на овој меч.

Тоа е второ реми на Барса сезонава, а засега има осум бода на табелата. Гранада е на 17-тото место и се уште нема победа, нивниот скор е три ремија и два порази.

ГОЛОТ НА ГРАНАДА ПОГЛЕДНЕТЕ ГО НА ОВОЈ ЛИНК

ГОЛОТ НА БАРСЕЛОНА ПОГЛЕДНЕТЕ ГО НА ОВОЈ ЛИНК

ПретходноЛегендарниот Скола има нов ангажман
СледноКуман се брани: Што сакате од оваа Барселона, да игра тика-така?