Вујовиќ се пожали: Вардар нема капацитет за голем број на мечеви

328

Вардар 1961 во среда на домашен терен го пречекува Мешков Брест во рамките на 2. коло од Лигата на шампионите. Со помош на поддршка од публиката, актуелниот македонски првак ќе се обиде да дојде до првата победа по ремито против Елверум на гости.

Веселин Вујовиќ пред мечот се пожали на капацитетот со кој располага во овој момент, вели дека не е доволен за да се издржи едно вакво силно темпо.

“Едно е сигурно, а тоа е смртта, а се друго е релативна работа. Не сакам да се жалам, но во последните сеудм дена одигравме четири меча, и ако ги сметаме Мешков Брест и Еурофарм Пелистер, тоа ќе бидат шест за 14 дена. Вардар во овој момент нема капацитет за толкав број на натпревари. Но ајде да не биде се црно. Како што знам и Мешков има проблеми со повредени играчи. Кудуз не верувам дека ќе може да ни помогне ниту со Мешков Брест. Ние во псоледните седум дена не направивме два нормални тренинзи. Ние немаме уште еден среден бек, а за да пробам некој од другите ракометари нема време. Треба да се надминеме себе за да го победиме Мешков. Тие имаат сигурен клуб, буџет, можат да носат сериозни играчи, иако сите знаеме дека се се врти околу Скубе. Ние без навивачи во сала не сме Вардар. Колку од “Комити” ќе дојдат не знам, но секако би ни значело да бидат во голем број”, вели Вујовиќ.
ПретходноМЗТ Скопје обвинува: КФМ ни ги повреди кошаркарите и не сака да ја превземе одговорноста!
СледноСтоилов: Имаме двајца нови играчи, но немаме доволно време, но тоа е тоа!