Горан Симов повеќе не е тренер на Вардар, на негово место раководството на тимот го постави некогашниот фудбалер, Никола Глигоров.
Очекува тимот да се врати во мак-елита и одново да освојува трофеи, тој му се заблагодри на својот претходник Симов, како и на фановите на клубот.
„Ми претставува огромно задоволство и привилегија што ја добив довербата од управата на клубот да бидам вршител на должноста шеф на стручен штаб на ФК Вардар. Во исто време ми претставува огромна одговорност пред целокупната јавност а посебно пред нашите најверни навивачи “Комити” чија поддршка многу ја ценам.
Голема благодарност до досегашниот шеф Горан Симов за се што направи за ФК Вардар и нас колегите. Имам голема доверба во стручниот штаб и играчите и се надевам дека за брзо време ФК Вардар ќе се врати во првата лига и ќе освојува трофеи”.