И дефинитивно Горан Симов не е веќе тренер во Вардар. Пред 2,5 месеци беше доведен како тренер актуелен освојувач на Купот на Македонија со Силекс, да го врати Вардар што побргу во елитата, но еве, по само четири меча во ВМФЛ – ЗАПАД, тој доби отказ, така барем самиот вели.
„Не е оставка. Јас добив отказ од Вардар. Притисокот што се направи, како голем клуб, во Вардар доведе до мојот отказ. Мене ми беше чест и задоволство што работев во Вардар како прв тренер. Мислам дека успеав во овој кус период да донесам повеќе добри работи“ вели за Спортмедиа, Симов и продолжува…
“Јасно е дека резултатите во првите четири кола не се добри. Но исто е јасно е дека екипата е нова, има многу нови играчи, а во првото коло игравме со младинци, во второто му гостувавме на Силекс. Искрено не читам социјални мрежи и не ме интересира кој се барал да поднесам оставка во изминатите денови. На крај сакам да му посакам на Вардар се најубаво“ заврши Горан Симов.