Напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн, за првпат од сезоната 2015/16 не успеа да постигне ниту еден гол во воведните четири натпревари од новото првенство на Англија.
Во мечот од петтото коло во Премиер лигата, Тотенхем загуби од Челзи со 3:0, а Кејн иако беше во тимот повторно остана без „муниција“. Ако се погледне ситуацијата во која се најде на стартот на сеозната и превирањата околу неговото останување или заминување од тимот, како и каснењето на сезонските подготовки, можеби се и причините за ваквиот „голгетерски пост“ на почетокот на новата сезона.