Ливерпул ќе мора многу често да го ротира Ван Дајк за да го заштити од повреди

189

Ливерпул ќе мора да го ограничи времето кое Вирџил ван Дајк ќе го добие на теренот оваа сезона, откако заработи мала повреда за време на репрезентативните настапи за холандската репрезентација. Ова го потврди и искусниот играч од средниот ред и заменик-капитен на „црвените, Џејмс Милнер.

30-годишниот дефанзивец се врати на почетокот на сезоната по долго закрепнување од тешката повреда на коленото.

„Во 99 од 100 натпревари, Вирџ е Супермен и тоа им е јасно на сите. Сепак, тој се врати на теренот по многу непријатна повреда и веќе нема 21 година. Исто така, мора да размисли за себе. Без разлика колку е лут, понекогаш е потребна ротација и тој треба да остане на клупа“, вели Милнер.

„Ротацијата е многу важна во големите клубови. Минатата година немавме среќа со повредите и многу играчи мораа да играат на позиции различни од нивните вообичаени. Не смееме да си дозволиме тоа да се случи и сега”.

ПретходноИ тоа се случи: Хари Кејн се уште нема постигнато гол во Премиер лигата
СледноШаховскиот Клуб АЛКАЛОИД во второто коло со победи во двете конкуренции на Европскиот Клупски Куп 2021