Рафаел Надал е во фаза на опоравување од повредата на стапалото поради која не е на терените уште од загубеното финале на Ролан Гарос. Шпанскиот тенисер се обидува да се опорави за Австралија опен, а медиумите во татковината се загрижени дали ќе се појави во Мелбурн.
Тие ја цитираат неговата изјава во која зборуваше за закрепнувањето.
„Добро сум, ногата ме боли малку, но јас сум добро. Пред мене е тежок и болен период на опоравување, но морам да го поминам тоа за да се вратам таму каде што сакам да бидам“, рекол Надал.
Тој објави слика на Инстаграм со пријателите со кои ги поминува последните денови од летото со пиво.