Наполи го „здроби“ Удинезе, Елмас одигра цел меч (видео)

324

Екипата на Наполи ја впиша и четвртата победа во италијанскиот шампионат и изби на чело на табелата со максимални 12 бодови. Вечерва во Фриули екипата од Неапол со 4:0 славеше против Удинезе. Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас го одигра целиот меч но не се впиша меѓу стрелците.

Осимен и Рахмани погодија во првото полувреме, а во второто мрежата на домашните ја тресеа Кулибали и Лозано.

За Удинезе не играше Илија Несторовски кој е повреден, а „зебрите“ се на 8. место со скор 2 победи, 1 реми и 1 пораз.

Наполи е само третиот тим во историјата на Серија А со голови на 30 едноподруго натпревари.

ПретходноСолскјер се изнервира: Прво велевте дека ќе ме избркаат од Јунајтед, а сега ме прашувате за титула
СледноЛегендарниот Скола има нов ангажман