Тренерот на ПСЖ, Маурисио Покетино имаше интересен коментар по синоќешната тешка победа над Лион во француската Лига 1.
„Сега имаме тешки времиња, затоа што треба да се развиваме на најдобар можен начин, а имаме малку време за тоа. Многу сум задоволен од напорот и силата на карактерот што ги покажавме откако го постигнавме првиот гол во второто полувреме. Имаше многу добри работи. Секако, задоволен сум од напорите што ги вложуваат играчите за да воспостават брза врска без да имаат време за работа. Тие се на вистинското место за да се запознаат меѓусебно и да создадат врски. Многу сум среќен, бидејќи ова денес е голема победа“, изјавил Покетино.
Сепак, работите во клубот се далеку од идеални. Вчера Покетино го замени Лионел Меси во 76. минута, а напуштајќи го теренот, Аргентинецот беше незадоволен од замената и не сакаше да се ракува со него.