Реал за него плати вистинско богатство, сега кариерата ја спасува во Катар

421

Хамес Родригез е на излезните врати во Евертон, според британските медиуми се наоѓа во Катар каде преговара околу неговиот трансфер.

Патот на овој репрезентативец на Колумбија е чуден. Во 2014 година блескаше на СП во Бразил, по што Реал Мадрид веднаш го зема во своите редови, за него плати 70 милиони евра.

Во дресот на Мадрид не играше лошо, но Зинедин Зидан не го сакаше премногу, па во периодот од 2017 до 2019 година беше на позајмица во баерн.

Од таму потпиша за Еверон, но поради лошите односи со Рафа Бенитез, наскоро ќе влезе во историјата на овој клуб. Тој ги загуби и симпатиите кај фановите кога во една ситуација не знаеше со кого игра неговиот клуб.

Од Реал до совршено Светско првенство, на крајот кариерата ќе ја спасува во Катар.

ПретходноГајтановски втор на Арнолд Класик Европа 2021!
СледноГлигоров: Се надевам дека Вардар ќе се врати во Првата лига и ќе освојува трофеи