Роналдо му покажа на Де Хеа каде ќе заврши пеналот на Вест Хем (ФОТО)

1507

Роналдо и натаму е во фокусот на англиската фудбалска јавност. Освен што тргна одлично со 4 гола во дресот на својот нов(стар) клуб по враќањето на „Олд Трафорд“, според една фотографија која се појави денеска, тој е директно „виновен“ за победата на вчерашниот меч со Вест Хем.

Имено, една фотографија од пеналот на Вест Хем во последните моменти од мечот на Олимпискиот стадион во Лондон покажува како Португалецот му покажува на голманот Де Хеа каде ќе шутира домашниот фудбалер, Нобл. Толку на местото на кое покажува раката на Роналдо заврши и шутот на Нобл, кој Де Хеа го одбрани и донесе победа за „ѓаволите“.

ПретходноЛаури му го зема и дресот на Горан Драгиќ
СледноИ тоа се случи: Хари Кејн се уште нема постигнато гол во Премиер лигата