Солскјер се изнервира: Прво велевте дека ќе ме избркаат од Јунајтед, а сега ме прашувате за титула

323

Менаџерот на Манчестер Јунајтед Оле Гунар Солскјер остро реагираше пред новинарите по триумфот над Вест Хем со 2:1. Голот го постигнаа во последните минути, а потоа Де Геа одбрани пенал со што трите бода отидоа на контото на Јунајтед. А пред неколку денови „Ѓаволите“ изненадувачки изгубија со 2:1 од Јанг Бојс во ЛШ.

Нема да зборувам за шансите за титулата. Поминаа само пет натпревари. До вчера зборувавте дека сум во аут, дека ќе ја загубам работата во Јунајтед, а сега ме прашувате за титулата. Чудно. Ќе зборуваме за титулата во април или мај, сега е многу рано“, изјави Норвежанецот.

ПретходноВо сабота историски меч во Премиер лигата
СледноНаполи го „здроби“ Удинезе, Елмас одигра цел меч (видео)