Стартот на сезона за Вардар не е едноставен. Оптимизот е присутен, но не во онаа доза на која сите се навикнаа. Мешков Брест е новиот предизвик во европското клупско натпреварување, но во составот на македонскиот тим и натаму се прават промени и се бара вистинската формула.
Капитенот, очекува добра игра. Проблем ќе бидат промените, поточно доаѓањето на Оливие и Кевин Њокас, кои немаа многу време за прилагодување, но победата е единствено нешто на што се мисли.
“Тренерот кажа се. Играме против Мешков, во првото коло одигравме чуден меч што можевме да го добиеме и да го загубиме, а реми можеби беше најреално. Не чекаат три меча во серија, но важен е Мешков Брест, дома пред публика после долго време. Имаме двајца нови играчи, а немаме доволно време. Се случувало и порано, но тоа е тоа. Се надевам дека ќе одиграме најдобро што можеме и ќе победиме заедно со публиката”, вели Стоилов.