Вардар без двајца играчи против Мешков

639

Вардар 1961 ниту на вториот меч од новата сезона в Лигата на шампионите нема да настапи во комплетен состав.

За дуелот со Мешков Брест закажан за во среда (20:45 часот), тренерот Веселин Вујовиќ одново нема да смета на Анте Кудуз, кој поради порблем со тетивата не настапи на гостувањето кај Елверум. На списокот нема да биде и Јан Чувара, кој пак се здобил со повреда на скочниот зглоб на натпреварот против Охрид во рамките на Супер-лигата. Во составот се враќа Борко Ристовски.

Вардар 1961 новата сезона ја отвори со реми, имаше шанса за победа, но не ја искористи. Во иднина во тимот нема да биде ниту Едуардо Гурбиндо, кој беше најавен како големо засилување. Шпанецот не е задоволен од краткиот престој, па се сели во Динамо Букурешт.

Од друга страна браќата Оливие и Кевин Њокас добро се вклопија и тоа само по еден тренинг пред заминувањето за Норвешка.

ПретходноСавевски го објави поширокиот список за двомечот со Црна Гора
СледноДобри вести за Реал: Крос се врати на тренинзите на “кралевите“!