Вардар за Гурбиндо доби половина од сумата!

582

Едуардо Гурбиндо и официјално е нов член на Динамо Букурешт. Шпанскиот репрезентативец не беше задоволен од Вардар 1961 и условите кои ги доби по пристигнувањето, па дојде до разделба.

За услугите на Гурбиндо, македонскиот првак бараше 100.000 евра, додека романскиот клуб нудеше 30.000 евра. На крајот двата тима се најдоа на половина пат, а Вардар доби половина од оваа сумата, односно 50.000 евра.

Во редовите на романскиот тим доаѓа на барање на Чави Пасквал, тој ќе може да дебитира најверојатно уште во второто коло од Лигата на шампиони против ПСЖ.

ПретходноШишковски направи пенал во 90. минута и го однесе во пораз својот тим (видео)
СледноРадовиш до прва супер-лигашка победа