Талентот Албан Шабани потпишува за Анталија

1080

17-годишниот Албан Шабани, моментално член на Работнички, треба да го комплетира трансферот во турска Анталија.

Шабани, кој во минатото беше дел од академиите на Арсенал и на Манчестер Сити, е веќе во Анталија каде што се очекува да потпише со овој тим.

Шабани, кој игра на позицијата лево крило и офанзивен играч за врска, бил и во академијата на Фенербахче во 2017 година. Беше дел и од Шкупи и сега од Работнички. Настапува и за младите селекции на Македонија.

ПретходноВујовиќ: Гурбиндо веќе има романски број! Ќе видиме кој ќе изгуби, а кој ќе добие!
СледноАнчелоти: Се надевам дека Рома ќе победува, Јувентус ќе се врати, Милан го гледам во топ 3