ФОТО НА КОЛОТО: Гулабите се вратија на Чаир!

1018

По речиси една година пауза, во која теренот беше реконструиран а се изгради и нова трибина, вчера “подновениот“ стадион Чаир беше отворен за гледачите. Пред се за “шверцерите“, најверните фанови на Шкупи. Од оваа фотографија се гледа дека и ГУЛАБИТЕ се вратија на “својот“ Чаир. Тој момент како се пуштаат гулаби е и фото на ова коло.

Инаку пред самиот натпревар, по повод отворањето на новата трибина, присутвуваа и претседателот на ФФМ Муамед Сејдини, потоа државни, градски и општински функционери, а имаше и пристоен број на гледачи.

Повеќе не можеше поради строгите прописи за Ковид-19 кои не дозволуваат капацитетот на трибините да биде докрај исполнет.

ПретходноГоран Симов: Притисок во Вардар доведе до тоа да ми се даде отказ!
СледноШеикот на Твитер му се закани на Покетино зошто го извадил Меси!!!