Sвездите на Реал Мадрид се незадоволни од третманот што го имаат во клубот, пренесуваат шпанските медиуми.
„Ел Ларгуеро“ пренесува дека тројца фудбалери се незадоволни од статусот во тимот и дека се свртеле против тренерот Карло Анчелоти. Тоа се Марсело, Иско и Марко Асенсио.
Споменатите тројца за Анчелоти не се во неговите планови и тие се незадоволни поради слабата минутажа.
Марсело во моментов е трет лев бек на тимот зад Менди и Алаба и одигра само две минути досега. Асенсио одигра 68 минути оваа сезона, додека Иско воопшто не доби шанса.