Голманот на Јувентус, Војчех Шчесни и играчот од средниот ред, Адриен Рабио, се степале по натпреварот со Милан (1:1), во последното коло од Серија А лигата. Како што објави „Калчомеркато“, Шчесни му замерил на Рабио за погрешно заземање позиција на теренот во ситуацијата по која Анте Ребиќ го постигна голот за Милан.
Шчесни му посочил на Рабиот каде требаше да стои за да го спречи Ребиќ да постигне гол, па дури и имало жестока дискусија со високи тонови меѓу играчите на Јуве. Конфликтот е решен, но тензијата во соблекувалната на тимот од Торино останува висока, велат во Италија.