Пандев на терен, Џенова зема бод во Болоња, Михајловиќ исклучен (видео)

225

Во првиот меч од 5. коло во италијанската Серија А екипите на Болоња и Џенова одиграа нерешено 2:2. Во тензичен и возбудлив меч, двете екипи ги поделија бодовите. По првото полувреме немаше голови, а во второто паднаа сите четири.

Хики во 49. минута погоди за водство на Болоња, изедначи Дестро во 55. минута. Македонскиот ас Горан Пандев влезе во 68. минута, а во финишот Болоња одново дојде во предност со гол на Арнаутовиќ од пенал за само четири минути подоцна Кришито да изедначи исто така со гол од пенал.

По пеналот тренерот на Болоња Синиша Михајловиќ ги загуби нервите, а судијата му покажа црвен картон. Српскиот стратег нема да биде на кормилото на екипата на наредниот меч или мечеви во зависност од тоа дали ќе добие дополнителна санкција или не.

Во судиското продолжение Соријано ја погоди пречката па Болоња мораше да се задоволи со бод.

Болоња е на шестото место на табелата со осум поени, а Џенова има четири.

ПретходноСпировски пред потпис со Мариупол
СледноИграч на Брајтон: „Јас сум најдобар играч за врска во Премиер лигата“