На натпреварот со Лион, Лионел Меси одби да се поздрави со тренерот Маурисио Покетино. Евидентно беше дека Аргентинецот не сакаше да го напушти теренот, и беше лут на клупата додека неговиот тим се обидуваше да дојде до триумф, и на крај го оствари.
Француските медиуми пишуваат дека Покетино подготвува нов „удар“ за својот сонародник. Имено, на натпреварот со Мец, тренерот на ПСЖ планира да го почне мечот со Меси на клупата.
Тој податок сигурно нема да му се допадне на Меси, и само дополнително ќе го разлути фудбалерот кој ова лето направи шокантен трансфер од Барса во Париз.