Спировски пред потпис со Мариупол

417

Македонскиот репрезентативец Стефан Спировски може да ја продолжи кариерата во Украина и тоа во прволигашот Мариупол. СПОРТМЕДИА дознава дека македонскиот играч за врска е блиску до договор со клубот кој е формиран пред 61 година и се наоѓа во југоисточниот дел на Украина во областа Доњецк.

Спировски веќе подолго време е во потрага по нов клуб откако си замина од АЕК Ларнака. Претходно играше за Хапоел Тел Авив, унгарски Ференцварош, две сезони во Вардар, па бугарски Берое, Борац од Чачак и Пелистер.

За Македонија има 40 настапи.

ПретходноБрука – Уште еден пораз со ХЕНДИКЕП! (ФОТОГАЛЕРИЈА)
СледноПандев на терен, Џенова зема бод во Болоња, Михајловиќ исклучен (видео)