Барселона подготви отказ за Куман, раководството веќе има пикирано неколку наследници

386

По слабата игра против Гранада и ремито (1-1), раководството на клубот сепак одлучи да му врачи отказ на холандскиот стручњак.

Тој ќе биде отпуштен откако ќе биде пронајдена неговата земна. Одлуката е донесена, се чека само официјално потврда која би можела да биде позната во следните денови.

Во игра за негови наследници се поврзуваат неколку имиња, Андреа Пирло, Антониот Конте, Чави, Јоаким Лев, Филип Коку… Најголема предност од сите овие имиња ќе има Пирло, кој во овој момент е без обврски.

Куман на клупата на Барса седна во август минатата година, тимот го водеше на 59 натпревари, запиша 36 победи, 11 нерешени меча и 12 порази.

Со Барселона минатата сезона го освои Купот на Кралот.

ПретходноХаос во Јувентус: Алегри ги пцуеше играчите, камерите го фатија!
Следно„Комити“ со пет причини зошто треба да го поддржат Вардар против Мешков