Билети за дуелот Вардар – Мешков ќе се продаваат и пред СЦ „Јане Сандански“

224

За дуелот Вардар – Мешков Брест во рамките од 2. коло во Лигата на шампионите, билети може да се купат и пред самиот натпревар, на билетарницата на СЦ „Јане Сандански“, соопштија од РК Вардар.

Билетарницата ќе биде отворена во 18:30 часот, а натпреварот почнува во 20:45 во среда.

Продажбата на билетите веќе е во тек онлајн на www.kupikartizase.com
и на сите продажни места на ККЗС низ Македонија (https://www.kupikartizase.com/Home/SalesLocations).

Цената на билетите е од 350 до 450 денари во зависност од местото во салата.

Од РК Вардар информираат дека на самиот влез секој гледач покрај билет ќе треба да покаже и сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот
SARS-CoV-2, односно примена најмалку прва доза вакцина против заразната
болест КОВИД-19 или сертификат/потврда за прележан КОВИД-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето, за лица над 18-годишна возраст. Без соодветен сертификат/потврда нема да може да влезете во салата дури и со купен билет.

ПретходноНови искуства и нови бодови за Вуков
СледноДенеска нов натпревар за женската селекција: Како да се изненади фаворитот Австрија?