Бугарски фудбалер уапсен поради кокаин

244

Полицијата во бугарскиот град Монтана го уапсила 31-годишниот напаѓач на истоимениот локален фудбалски клуб Стефан Христов кој возел под дејство на наркотици, соопштува локалниот весник „Конкурент“. Тој управувал „Мерцедес Е270“ кога бил запрен од полицијата, а при тест на наркотици тој бил позитивен на кокаин.

Во претрес на хотелската соба во која престојувал, било пронајдено тегличе со кокаин. Против него е поднесена кривична пријава.

Христов е поранешен напаѓач на ФК Царско село, Дунав Русе, Спартак Плевен, Етер, Спартак Плевен.

ПретходноНе е ни блиску на неговиот татко: Синот на Зидан го остава фудбалот и почнува бизнис!?
СледноУбедливо водство на Австрија на полувреме