Бунт во Реал (М): Тројца фудбалери во војна со Анчелоти!

954

Sвездите на Реал Мадрид се незадоволни од третманот што го имаат во клубот, пренесуваат шпанските медиуми.

„Ел Ларгуеро“ пренесува дека тројца фудбалери се незадоволни од статусот во тимот и дека се свртеле против тренерот Карло Анчелоти.  Тоа се Марсело, Иско и Марко Асенсио.

Споменатите тројца за Анчелоти не се во неговите планови и тие се незадоволни поради слабата минутажа.

Марсело во моментов е трет лев бек на тимот зад Менди и Алаба и одигра само две минути досега. Асенсио одигра 68 минути оваа сезона, додека Иско воопшто не доби шанса.

ПретходноНе издржа во пензија: Борха Валеро ќе игра во италијанската шестта лига!
СледноШампионски пресврт на Интер за победа на „Артемио Франки“ (ВИДЕО)