Два гола на Луис Суарез за пресврт и нова победа за Атлетико (ВИДЕО)

235

Хетафе пропушти голема шанса по пауза од 10 години да ја оствари првата победа на натпреварите против Атлетико (М). Домашните во првиот меч од 6. коло на Ла Лига имаа водство од финишот на првиот дел кога Митровиќ погоди за водство од 1:0, но радоста им ја скрати Луис Суарез со два гола во последните 12 минути од средбата, со што донес екомплетен пресврт и четврта победа сезонава за „јорганџиите“.

Хетафе немаше постигнато гол против Атлетико (М) на 17 последни меѓусебни средби, па ако е за некаква утеха, овој гол на Митровиќ е прекин на една долга црна низа во дуелите со мадридскиот ривал.

Standings provided by SofaScore LiveScore

ПретходноИграч на Брајтон: „Јас сум најдобар играч за врска во Премиер лигата“
СледноНов проблем за Алегри: Шчесни и Рабио се степале по мечот со Милан!