Денеска нов натпревар за женската селекција: Како да се изненади фаворитот Австрија?

303

Женската репрезентација на Македонија, денеска е пред нов предизвик. Во квалификациски меч за пласман на Мундијалот идната година, ја пречекуваат Австрија.

Избраничките на Кирил Изов стартуваа со пораз на гостувањето кај Англија со 8:0, но загубија од најголемиот фаворит во групата.

Австрија ќе биде вистински предизвик за нашите репрезентативки. Се освен пораз би било изненадување, со оглед дека Австрија е втор фаворит во квалификациската група.

Нашата репрезенатција предводена од една од најдобрите фудбалерки во Европа, Наташа Андонова треба да покаже дека има сила за изненадување и за добар резултат.

Мечот почнува во 18:00 часот, а се игра на Националната Арена „Филип Втори“ во Скопје.

 

ПретходноБилети за дуелот Вардар – Мешков ќе се продаваат и пред СЦ „Јане Сандански“
СледноПеро Антиќ во Белград се прости од Душан Дуда Ивковиќ