Вардар 1961 утре (20:45 часот) на домашен терен го пречекува Мешков Брест во рамките на 2. коло во Лигата на шампионите. После долго време ова е прв меч од ова натпреварување со публика, поради пандемијата коронавирус вратите на салата беа затворени.
Актуелниот македонски првак во нов лик ќе ја бара вистинската формула за враќање на деновите кога во ЛШ бележеше неверојатни успеси. За да го исполни тоа, дефинитивно ќе треба да поддршка од трибините.
Навивачите на Вардар 1961 „Комити“ на својата официјална „Фејсбук“ страница ги повикоа сите членови да дојдат во сала, наведоа пет причини зошто треба да го сторат тоа.
Истите можете да ги прочитате во продолжение на линкот.