Роналд Куман е пред отказ од Барселона, по вчерашните разочарувачки 1:1 во дуелот со Гранада на домашен терен.
Многу имиња се споменуваат како негов наследник, а Мундо Депортиво пишува дека се издвојуваат две имиња.
Првото е Чави, а второто Роберто Мартинез. Тоа се двете опции за кои клубот размислува во моментов.
Денеска се шпекулираше и со името на Андреа Пирло, меѓутоа веројатно Италијанецот нема да биде меѓу сериозните кандидати.