Левандовски “Златната копачка“ и ја посвети на сопругата!

120

 

Како најдобар стрелец за минатата сезона со 41 гол, денеска на Роберт Левандовски, напаѓачот на Баерн Минхен и репрезентацијата на Полска, му беше доделена наградата “Златна копачка“. Тој со тие 41 гол во една сезона во Бундеслигата го урна и рекордот на легендарниот Герд Милер.

Свеченоста се одржа во клупскиот музеј на Баерн Михен на „Алијанц Арената“.

Левандовски во своето кусо обраќање рекол дека наградата ја посветува на својата сопруга Ана со што ги воодушеви сите присутни.

 

ФОТО: FC Bayern Munchen twitter

ПретходноВирус во Ц. Звезда, ама не е корона!
СледноИсмаили: Шкупи и во Купот на Македонија има највисоки амбиции!