Лига Куп: „Ѓраѓаните“ броеја до шест, Ливерпул со 3:0 славеше кај Норич (ВИДЕО)

165

Вечерва во рамките на 3. коло од Лига Купот на Англија, екипите на Брентфорд и Манчестер Сити остварија исклучително високи и убедливи победи над Олдам, односно Викомб.

Брентфорд броеше до седум, а Сити постигна шест гола во мрежата на членот на англиската Лига 1.

Новиот премиерлигаш постигна пет гола во првото полувреме на дуелот со Олдам, а во вториот дел додаде уште два во извонредните 7:0 на домашен терен. Форс блескаше постигнувајќи четири гола.

Манчестер Сити беше домаќин на Викомб совладувајќи го со 6:1.

Гостите поведоа со голот на Ханлан во 22. минута, но тој гол само ги налути „Граѓаните“, кои до крајот ја наполнија гостинската мрежа. Марез постигна два гола, а Де Брујн, Торес, Фоден и Палмер се запишаа во листата на стрелците со по еден погодок.

Ливерпул исто така немаше проблеми на гостувањето кај Норич. Минамино со два и Ориги со еден гол им донесоа победа на „црвените“ од 3:0.

Брентфорд – Олдам 7:0

Барнли – Рочдејл 4:1

Фулам Лидс Ј. 0:0 (5:6 пен.)

Манчестер С. – Викомб 6:1

Норич – Ливерпул 0:3

Престон – Челтенхам 4:1

КПР – Евертон 2:2 (8:7 пен.)

Шефилд Ј. – Саутемптон 2:2 (2:4 пен.)

Ватфорд – Стоук 1:3

Виган – Сандерленд 0:2

ПретходноШампионски пресврт на Интер за победа на „Артемио Франки“ (ВИДЕО)
СледноПСЖ утре без Меси, Аргентинецот е повреден