ПСЖ ќе биде без Лионел Меси на утрешниот дуел со Мец поради повреда. Како што објавија повеќе медиуми во Франција, Аргентинецот утрово бил подложен на магнетна резонанца, при што беа откриени знаци на контузија на коската во левото колено, а за 48 часа ќе се изврши нов тест за да се види како се развива неговата состојба.
Меси се најде на насловните страници во неделата вечерта за време на мечот со Лион, кога нервозно реагираше откако Покетино реши да го извади од игра на петнаесетина минути пред крајот на мечот.