Шампионски пресврт на Интер за победа на „Артемио Франки“ (ВИДЕО)

117

Со голем пресврт во второто полувреме, италијанскиот првак Интер успеа да дојде до победа на гостувањето во Фиренца против екипата на Фиорентина со 3:1.

Домашните први поведоа во 23. минута со голот на Сотил, што беше причина Интер да го смени ритамот на игра уште од стартот на второто полувреме и во брзо време комплетно да го сврти резултатот во своја полза. Дармијан погоди за 1:1 во 52. минута, а само три минути подоцна Џеко го донесе Интер и до водство од 2:1.

Точка на мечот стави Перишиќ со погодокот во 87. минута.

Во вториот меч вечерва Аталанта на домашен терен славеше со 2:1 над екипата на Сасуоло.

Standings provided by SofaScore LiveScore

ПретходноБунт во Реал (М): Тројца фудбалери во војна со Анчелоти!
СледноЛига Куп: „Ѓраѓаните“ броеја до шест, Ливерпул со 3:0 славеше кај Норич (ВИДЕО)