Во текот на летото агентот Жорж Мендеш преговарал со неколку клубови за трансфер на Кристијано Роналдо. Португалецот сакал да си оди од Јувентус, а неговиот агент го понудил на шпанскиот шампион Атлетико Мадрид.
Но Атлетико не бил заинтересиран да го донесе португалскиот и светски фудбалски ас во своите редови, пренесува шпанското радио „Кадена Сер“ повикувајќи се на свои извори кои не ги именува.
На крајот Роналдо заврши во Манчестер Јунајтед иако постоела можност да го облече дресот на Сити. По трансферот на „Олд Трафорд“ Роналдо постигна 4 гола на 3 меча за „ѓаволите“.