Вирус во Ц. Звезда, ама не е корона!

323

Вирус во екипата на Ц. Звезда, ама не бил корона, така велат  последните вести од Белград. Имено првично во текот на денов беше објавено дека голманот Милан Борјан “закачил“ Ковид-19, па хитно бил пренесен во болница. Сепак станувало збор за стомачен вирус, од кој биле “фатени“ неколку играчи на српскиот шампион и учесник во групната фаза во Лигата на Европа.

И официјално попладнево раководството на Ц. Звезда искочи со информација дека сепак не било корона. Исто така беше објавено и тоа дека ќе побара одложување на мечот со Вождовац од домашниот шампионат,кој треба да се игра во черврток, поради проблеми на неколку играчи со стомачен вирус.

ПретходноФеликс ја дозна казната за црвениот картон
СледноЛевандовски “Златната копачка“ и ја посвети на сопругата!