Исмаили: Шкупи и во Купот на Македонија има највисоки амбиции!

243

 

Утре против второлигашот Велешта, лидерот во ПМФЛ, тимот на Шкупи ќе го одигра куп натпреварот од 1/16 финалето. Меч кој беше одложен од познати причини, а кој требаше да се игра минатата среда.

Факт е дека оваа есенска полусезона Шкупи игра добро во ПМФЛ, не крие дека атакува на титулата, но според капитенот Фатих Исмаили чаирчани имаат највисоки амбиции и во Купот на Македонија.

Утре ќе го одиграме првиот натпревар во Купот на Македонија против Велешта во Струга. Секако дека го почитуваме противникот, но ние сме максимално сконцентрирани. Куп натпреварите се важни, но воедно се и доста тешки за играње зошто се игра само еден натпревар. Ние не криеме дека нашите амбиции, како и во првенството, така и во Купот се највисоки“ изјави Фатих Исмаили.

ПретходноЛевандовски “Златната копачка“ и ја посвети на сопругата!
СледноНе е ни блиску на неговиот татко: Синот на Зидан го остава фудбалот и почнува бизнис!?