Роналд Куман по ремито со Гранада се најде на мета на критики, најголем дел доаѓаат од страна на фановите на Барселона, кои не можат да му простат за лошата игра на вчерашниот меч, но и општо за неубедливиот старт во новата сезона.
Тие по дуелот со Гранада го пречекаа холанѓанецот, кој пак застанал со својот автомобил. Го прашале дали ќе си даде отказ.
„Не сакам да одговорам на такво прашање“, им порачал Куман и заминал.
Веќе во јавноста на големо се зборува дека тој наскоро ќе влезе во историјата на каталонскиот гигант, раководството на клубот ја бара неговата земена.