Не издржа во пензија: Борха Валеро ќе игра во италијанската шестта лига!

258

Шпанскиот ветеран Борха Валеро му се врати на фудбалот, иако најави ова лето дека ја завршува кариерата. 36-годишниот играч за врска ќе игра за аматерскиот тим Лебовски, кој се натпреварува во шестата дивизија во Италија.

Борха Валеро е дете на Реал Мадрид, а потоа кариерата ја мина низ Виљареал, Фиорентина и Интер.

„Беше изненадувачки кога добив понуда од Лебовски. Многу е убаво да се слуша како навивачите го скандираат вашето име и ве поддржуваат, дури и кога губите. Мислам дека нема да се вратам на професионалниот фудбал“, изјави Валеро за „Ла Република“.

ПретходноНов проблем за Алегри: Шчесни и Рабио се степале по мечот со Милан!
СледноБунт во Реал (М): Тројца фудбалери во војна со Анчелоти!